- Home
- FDFA
-
News
- News overview
- Press releases
- Dossiers
- Speeches
- Interviews
- Flights of Department Head
-
Press releases
Press releases
Ви честитаме што испишавте историја за Северна Македонија по првпат на Европското првенство во фудбал! Каде лежи тајната што толку разновидна група успеа да стане толку силен тим?
Е.А.: Нашиот тренер, Игор Ангеловски, ги задржа истите играчи заедно како тим во изминатите 5-6 години и ни ја даде неговата доверба. Оваа доверба ни овозможи да растеме како тим и со текот на времето да се запознаеме меѓусебно. Нашиот успех лежи во тоа што ги знаеме силните и слабите страни на секој колега, и тоа помага. И покрај тоа што некои од нас имаат малку поинакво потекло - повеќето од нас говорат албански и македонски јазик на теренот, но она што е најважно е тоа што играта ги тера сите да зборуваат на ист јазик: фудбалот.
Вие сте пример за многу млади луѓе, особено во вашите две матични земји Северна Македонија и Швајцарија, но исто така и во Велика Британија каде играте неверојатна прва сезона во Премиер лигата. Дали има некои посебни впечатоци од различните култури со кои пораснавте?
Е.А.: Мислам дека најважниот фактор за мојот напредок беше мојата амбиција. Уште од детството сонувам да играм во Премиер лигата, како што прават многу деца. И со секој мал чекор што го правев, никогаш не ја испуштив таа цел од умот. Другиот фактор беше упорноста: Се соочував со неуспеси и за да останам на вистинскиот пат и да ги постигнам своите цели требаше да посегнам и по алтернативни средства. Мојот пат до Премиер лигата беше полн со препреки и мина низ швајцарската трета лига, Челинџ лигата (втора лига), потоа Супер лигата, англискиот Чемпионшип, и конечно Премиер лигата. Исто така многу е важно да се зачува професионален став. Фудбалот за мене не е само страст, туку професија. Затоа, како и со која било друга работа, мора да бидам точен, да ја работам својата работа вредно, итн. Секоја игра е визит-карта што им ја давам на луѓето, тоа е начин професионално да се претставувам. Исто така, вистинскиот вид на поддршка што го добив во животот беше клучен за мојот успех. Моето семејство секогаш ме поддржувало во текот на целата моја кариера. Добриот менаџерски тим кој стои зад мене и добрите совети од мојот агент ми помогнаа исто така во носењето на вистинските одлуки.
Швајцарија и Северна Македонија се мултинационални земји. Освен Англискиот и Шпанскиот, вие говорите Македонски, Албански но и Германски, Италијански и Француски јазик, три од четирите официјални јазици во Швајцарија. Што значат јазиците и повеќејазичноста за вас?
ЕА: Многу ме интересираат јазиците, бидејќи тие ми овозможуваат да комуницирам и да разберам различни луѓе. На пример, познавањето на Шпанскиот јазик ми овозможува да го разберам Мацело Биелса. Тоа е важно затоа што колку подобро го разбирам, толку подобро можам да го применам она што го очекува тој од мене на теренот.
Имајќи ги двете култури во срцето и духот, што би можеле Швајцарија и Северна Македонија да научат една од друга?
Е.А.: Тоа е тешко прашање, бидејќи ќе треба да генерализирам. Можеби, луѓето од Северна Македонија се порелаксирани и подобри во изразувањето на своите емоции во натпреварувачките спортови. Прекрасно е да се гледа нивната страст на натпреварите. Од друга страна, Швајцарците тежнеат кон поголема дисциплина и многу сериозно ја сфаќаат организацијата. И двата народи имаат свои квалитети и можат да учат едни од други.
Што нема во вашиот фрижидер во Лидс што најмногу ви недостасува од Швајцарија и Северна Македонија?
Е.А.: Од Северна Македонија ми недостига ајварот и бурекот, а од Швајцарија пијалокот овомалтин и швајцарското чоколадо.
Ви благодариме многу за вашето време и ви посакувам многу среќа на Европското првенство! Ќе ви држиме среќа!
Швајцарија и Северна Македонија не само што имаат блиски културни врски како резултат на значајната дијаспора и ѕвездите како Езѓан Алиоски, туку имаат и многу заеднички работи како повеќе јазичноста, и тоа дека се планински земји и без излез на море. Швајцарија ја поддржува агендата за развој на Северна Македонија од 1992 година и штотуку ја започна новата Швајцарска програма за соработка Северна Македонија 2021 - 2024 година (PDF, 32 Pages, 3.4 MB, English) за да го продолжиме нашето пријателство преку соработка и меѓусебна размена.